Skip to main content

Да се говори вистината во време на лаги и лажни реалности е моќта на поезијата, кажаа на Денови на поезијата во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“

Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични лаги и лажни реалности, бара смирена храброст и бистрина на умот. Тоа е мечот на духовниот воин. Тоа е моќта на поезијата“, изјави познатата естонска поетеса Дорис Карева на отворањето на третото издание на манифестацијата Денови на поезијата, што се одржа во Скопје, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.

Годинава се одбележаа бројни јубилеи на основоположници на современата македонска поезија и на современи автори; публиката слушаше стихови од нашите етаблирани поети, но и од најмладите; ученици од основните и средни училишта од целата земја се натпреваруваа кој поубаво ќе прочита песна, а дел од нив учествуваа во интерактивни програми, пишуваа песни и ги читаа на поетската сцена.

Покрај поезијата на Блаже Конески и Анте Поповски, до широката публика повторно допреа и стиховите на Лира Бојку, Петар Т. Бошковски, Атанас Вангелов, Ристо Василевски, Видое Видичевски, Вероника Димоска, Илхами Емин, Гордана Јовиќ-Стојковска, Ефтим Клетников, Васил Куноски, Саранда Мехмеди, Нино Наумовски, Волче Наумчески, Елена Пренџова, Васил Пујовски, Михаил Ренџов, Михајло Свидерски, Милена Силјаноска, Стефан Спасовски, Љупчо Стојменски, Јован Стрезовски, Виолета Танчева-Златева, Љубен Ташковски, Катица Ќулавкова, Светлана Христова-Јоциќ, Иван Чаповски и Лејла Шериф Емин.

Врски меѓу поезијата и публиката воспоставуваа Дамјан Атовски, Јулијана Величковска, Софија Гогова-Врчаковска, Теона Крстеска, Сергеј Настески, Андреј Наунов, Владимир Мартиновски, Андреј Медиќ Лазаревски, Петар Ренџов, Поетроника (Андреја Салпе и Оливер Митковски), Никола Ристановски, Антонио Трајковски, Игор Џамбазов и Јасмина Шопова.

Поврзани вести