
Мечка нападнала и усмртила 10 овци во импровизирана штала во месноста „Душки“, на патот кон селото Јеловјане, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Според полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 14:30 часот во Полициското одделение Камењане од страна на Ф.Р. (69) од селото Камењане, сопственик на стадото.
Нападот се случил во место викано „Душки“, над селото Камењане, во правец кон селото Јеловјане, каде мечката влегла во импровизирана штала и усмртила десет овци.
По добиената пријава, увидна екипа од СВР Тетово излегла на терен и извршила увид на местото на настанот со цел да се утврдат околностите и причинетата материјална штета.

Македонски

