Skip to main content
АХВ информира

Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

tanner-yould-on-unsplash

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози. Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен.

АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања  на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042  животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада  и 244.515 животни.

Со третата фаза  ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик – бенефит.

Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација.

Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. 

Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875  животни, а нештетно отстранети се 9359 животни.

Поврзани вести