
Наместо Мицкоски, Филков и Максим да ја дефокусираат јавноста од Реформската агенда со секојдневни бесмислени кампањи, подобро е да ги испратат документите за екстрадиција на Никола Груевски, стои во партиско соопштение на СДСМ.
Не можете повеќе да бегате од вистината.
Време е, откако признавте дека НАТО е феноменален, дека Преспанскиот договор е „ремек-дело на дипломатијата“, дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се апсолвирани и заштитени – прво да се извините на граѓаните, а потоа да ги испратите документите за екстрадиција на Груевски.
Наместо да го трошите времето на граѓаните со секојдневен дефокус, покренете ја постапката за најголемиот криминалец и бегалец на Македонија.
Граѓаните не сакаат нови шоуа и нови теории на заговор. Граѓаните бараат одговор:
Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или не?Време е за вистина. Време е за правда.
Реформи сега. Правда сега. Европа сега“, велат од СДСМ.

Македонски

