Skip to main content

Директорот на БЈБ го отвори Меморијалниот турнир во чест на загинатите припадници на Единицата за брзо распоредување

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во седиштето на Единицата за  брзо распоредување во Скопје оддаде почит на загинатите припадници на Единицата кои своите животи ги положија во служба на државата, безбедноста и граѓаните, соопшти МВР.

Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за јавна безбедност, се додава во соопшението, пред споменикот подигнат во нивна чест, беше оддадена почит и благодарност кон луѓето кои ја дадоа најголемата жртва за Македонија – се вели во соопштението.

Нивните имиња и нивните дела никогаш нема да бидат избришани од нашата полициска и институционална меморија. Тие остануваат траен симбол на храброст, чест и пожртвуваност. Нивниот живот положен за татковината е аманет за сите нас чесно, одговорно и посветено да ја чуваме безбедноста на граѓаните и интегритетот на државата – истакнал Јанев.

Тој додал дека најтешко е за нивните семејства, болката по загубата никогаш не исчезнува, но тие мора да знаат дека не се сами.

Полицијата и раководството секогаш ќе бидат покрај нив, затоа што тие се дел од нашето големо полициско семејство – нагласил рече Јанев.

Во чест на загинатите припадници на ЕБР, директорот Јанев го отворивл и меморијалниот турнир на кој учествуваат 14 екипи од различни организациски единици на полицијата.

На отворањето Јанев посочил дека со спортски дух, со заедништво и фер-плеј продолжуваат да го чуваме споменот на луѓето кои не дозволија стравот да биде посилен од должноста.


Некои дадоа многу. Тие дадоа сè. Полициската професија не е само работа, таа е заклетва. Заклетва дека ќе бидеме тивки чувари на мирот, спокојот и безбедноста на граѓаните и државата. Затоа сме обучувани, затоа ја носиме униформата и затоа сме подготвени да служиме чесно и достоинствено, дури и по цена на сопствениот живот – изјавил Јанев.

Поврзани вести