Skip to main content

Ноле сруши рекорд на Федерер

– Новак Ѓоковиќ го коментираше соборувањето на рекордот по број на натпревари на Грен слем.

– Секогаш се трудам да дадам се од себе. Над 20 години играм Грен слем на највисоко ниво. Без разлика дали ќе победам или загубам, срцето и душата ги оставам на теренот. Грен слемовите се основата на нашиот спорт, тие се најважното нешто. Ова е историјата на тенисот, токму тие ги мотивираат и најмалите деца. Моето прво сеќавање на тенисот како дете е гледањето на финалето на Вимблдон кога имав четири или пет години. Гренд слемовите се дефинитивно најважните турнири во светот. Имам голема среќа што поставив уште еден рекорд.

Србинот денеска го одигра својот 430. Грен слем натпревар, надминувајќи го Роџер Федерер.

Во третото коло, поранешниот светски рекет број 1 ќе се соочи со Чехот Томаш Мачац.

Грен слемот во Мелбурн, се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари. 

Поврзани вести