
Медет Женалиев, ММА борец од Киргистан, трагично го загуби животот во езерото Исик-Кул, обидувајќи се да спаси деца од сигурна смрт.
Силна водена струја повлекла четири малолетни девојчиња, а Женалиев без двоумење скокнал во разбрануваното езеро за да им помогне. Благодарение на неговата храброст, сите четири девојчиња биле безбедно извлечени на брегот.
Неговиот пријател, кој исто така влегол во водата, успеал да се спаси, но Медет не излегол од езерото.
Во својата професионална ММА кариера Женалиев настапуваше во лесна категорија и зад себе остави скор од две победи и два порази.

Македонски

