
Полицијата информира дека вчера на кејот на реката Вардар во Скопје се судриле два тротинета – едниот управуван од 62-годишна жена, а другиот од 12-годишно дете.
Со тешки телесни повреди се здобила жената, а детето со телесни повреди констатирани во Градската болница „Св. Наум Охридски“.
Министерството за внатрешни работи вчера најави порестриктивни мерки за возачите на тротинети, но засега без детали.
– Не можам сега да навлегувам во детали дали ќе станува збор за ограничување до 18 или до 16 години, дали ќе одиме со забрани или со порегулиран систем, но во секој случај, јасно е дека на ова поле се потребни законски измени со цел зголемување на безбедноста поврзана со овој тип превозни средства, изјави вчера Тошковски.
Грција е една од првите држави на Балканот која работи на законски измени за ограничуање на возењето на тротинети од страна на малолетници.

Македонски

