
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, не верува дека тековната Формула 1 сезона може да се смета за неуспех за тимот. Тој зборуваше за предизвиците со кои се соочува сезоната 2026.
Најголемата лекција е дека ништо не доаѓа лесно. Тоа е вистина. Оваа сезона видовме битка на иновации. Нашите ривали покажаа поголема брзина и конзистентност, а првите два тима имаа многу подобри резултати од претходно.
Ако го гледате тоа на тој начин, шампионатот не значи ништо за иднината. Сегашните резултати не гарантираат иден успех. Во таа смисла, тие не значат ништо.Секоја година е нов почеток. Секој мора да вложи уште поголем напор, да потроши уште повеќе време отколку што потрошил во претходната сезона.
Ништо не доаѓа лесно, секогаш мора да работиш понапорно отколку што мислиш. Но, очигледно не сакам да ја гледам оваа сезона како нешто негативно“, изјави Норис за британските медиуми.
Во тековната сезона Норис се наоѓа на 6. место во поредокот за возачи со освоени 246 бодови.

Македонски



