
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието ќе биде поизразен.
Утринската температура беше од неколку степени над нулата до околу 10 степени, а дневната ќе остане релативно висока за овој период од годината.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник се очекува постепен пораст на температурите, кои повторно ќе бидат над просекот за овој дел од ноември.
Метеоролозите најавуваат и засилување на јужниот ветер. Од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а од среда повремено силен ветер од јужен правец со над 60 километри на час, особено во западните делови од земјава.

Македонски



