Skip to main content

Дневната програма на Виноскоп се преместува за утре поради најавените врнежи

Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дневната програма на Виноскоп за денеска се откажува и се преместува за утре.

Утрешната програма на Школка во Градски парк започнува од 12:00 часот и ќе трае до 00:00 часот.

Од 12:00 до 18:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во дневната програма со Диџеј „Оуки Доуки“, Диџеј „Чваре“ и Диџеј „Страјк“.

По 18:00 часот, програмата продолжува со настапите на Диџеј „Резидент“ , „Хет ен хармони“, Диџеј „Бела“, Мијата, Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд.

Ве очекуваме утре на Школка во Градски парк да го продолжиме јубилејното 15-то издание на Виноскоп, со вино, музика и фестивалска атмосфера под отворено небо, велат организаторите.

Поврзани вести