Skip to main content

Мицковски: Прочитајте му на Филипче, за да разбере со што се соочува Македонија со Бугарија и дека уставните измени не се единствениот услов

Прочитајте го убаво овој одличен текст и прочитајте му на Филипче, за да разберете со што се соочува Македонија со Бугарија и дека уставните измени не се единствениот услов, пишува аналитичарот Ивор Мицковски.

Венко Филипче изјави: „Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет“. Тоа би било помалку зачудувачко кога бугарските позиции навистина би биле нејасни, имплицитни или дипломатски прикриени. Но, тие со години се експлицитно формулирани во официјални државни документи, парламентарни декларации и позиции формално доставени до Европската Унија. Не станува збор за изјави кои треба да се толкуваат, да се бараат меѓу редови или да се извлекуваат од дипломатски разговори. Тие се јавно достапни, писмено фиксирани и институционално обврзувачки. Оттука, просто е неверојатно да се тврди дека нешто не е кажано кога тоа со години континуирано се повторува на најформален можен начин“, коментира Мицковски.

Поврзани вести