
Прекрасни средби со претставници на Македонија 2025 и нивни блиски соработнициПријателите на Македонија отсекогаш биле важен столб во поддршкaта и развој на нашата држава.Во рамки на Самитот „Македонија 2025“ остварив значајна средба со нашите долгогодишни пријатели на Македонија, Џон и Јордан Битов сопственик на најголемиот дневен весник во Канада „Toronto Star“, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на Владата, напиша вицепремиерот Николоски.
Семејството Битов игра водечка улога во нашата дијаспора, заслужни се за многу успеси на Македонија од самостојноста до денес.Разговаравме за економските политики на Македонија, размена на знаење, употреба на дигитални технологии, поддршка за образованието, здравството и институциите.Со заедничка работа и партнерство, Македонија може побрзо да напредува и да стане посилна и поконкурентна држава.

Македонски

