Skip to main content

Мицкоски: Кичево се гради и развива, ги исполнуваме ветувањата дадени пред кичевчани

Од ова што можеме да видиме, прилично амбициозна агенда и уверен сум дека сите овие проекти кои што се отпочнати, ќе бидат и завршени.
 
Јас би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот, се разбира, за сето тоа кое што заедно со советниците кои што го поддржуваат во рамките на Советот и администрацијата го прави.
 
После долги години застој, гледаме дека почнуваат да се забележуваат првите знаци на развој и во периодот којшто следи ние како Влада ќе продолжиме да го помагаме развојот на Општина Кичево.
 
Да се заблагодарам на моите колеги од владата коишто денеска се тука и министерот за социјална политика, демографија и млади и замениците во министерствата животна средина и просторно планирање и јавна администрација.
 
Тука се исто така и пратениците од македонското собрание коишто даваат максимум за да имаме проект повеќе овдека во Кичево така беше до сега, така ќе продолжиме и во периодот којшто следи, а јас како претседател на Владата како до сега така и од сега па и натаму ќе ги подржувам сите овие иницијативи коишто доаѓаат од Општина Кичево.
 
Така што уште еднаш голема благодарност на градоначалникот за неговата прилично голема и забележлива амбициозност, да се заблагодарам на советниците во советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот и се разбира на администрацијата којашто ги подготвува сите овие проекти и во периодот којшто следи ќе продолжиме на овој начин да практично испорачуваме сето она коешто го ветивме кај граѓаните.“

Поврзани вести