Skip to main content

Седници на четири собраниски комисии

Четири собраниски комисии денеска ќе одржат седници, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Законодавно-правната комисија, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Комитетот за односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на закон за младински додаток и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони и двата во второ читање. Овие два предлози се на дневен ред во второ читање и на седницата на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на седницата на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен за 2025 година.

Комитет за односи меѓу заедниците на денешната седница ќе избира претседател и заменик-претседателот.

Поврзани вести