Skip to main content

Историско и туристичко Крушево преку проекти ја има поддршката на Европската Унија

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михаил Рокас, при посета на историско и туристичко Крушево изјави дека Крушево преку проекти има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија, и при досегашните проекти кои ги финансира Унијата и при идните.

Не постои никаков сомнеж дека Крушево е прекрасно историско место. Неколку проекти се тековни кои се реализираат со финансиска поддршка на Европската Унија, но има и идни проекти кои би се реализирале во Крушево. Се обидувам со мојот тим и со централната власт да изнајдеме решение за да ги решиме предизвиците со кои се соочуваат општините. Значи, да се направи координација со централната власт за да изнајдеме решенија за сите видови проблеми“, рече Рокас. кој во Крушево се сретна со градоначалникот Нико Чонески и со членовите на општинскиот совет.

Главните проблеми кои треба да се решат, а слично е и во другите општини, се проблемите поврзани со водата за пиење, со менаџирањето на цврстиот отпад и со менаџирањето на отпадните води. Рокас нагласи дека има три нови проекти преку кои може да продолжи соработката со Крушево. 

Во моментов има три повици за проекти. Едниот за прекугранична соработка со Република Албанија, тоа е повикот за проекти ќе се објави во септември годинава, а во меѓувреме има тековен проект за програмата Интерек -Република Грција, а и проект за пристап на Крушево во „Лајв програмата“. Значи, сите три програми, или повици се справуваат со прашања кои се поврзани со биодиверзитетот и со одржливоста на животната средина и со прашањето за туризмот што е клучно за развојот на Крушево. Работа на локалната администрација е да аплицира за сите овие проекти. Сакам да ја пофалам локалната администрација дека има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија“, рече евроамбасадорот Рокас.

Крушевскиот градоначалник Нико Чонески ја нагласи соработката преку проекти со Европската Унија, посакувајќи да продолжи понатаму. 

Имавме плодна средба со амбасадорот на која беше претставено Крушево низ историјата до денеска. Беа изнесени предизвиците со кои денес се соочуваме како Општина и сето она што би сакале да го направиме во иднина за да ги подобриме условите за живот на нашите граѓани“, рече Чонески.

Евроамбасадорот Михаил Рокас се сретна и со неколку невладини организации.

Поврзани вести