
Ако барате брз, лесен и вкусен оброк, овие печени тиквички се одличен избор. Комбинацијата од свеж зеленчук, јајца и кремасто сирење создава сочно и ароматично јадење кое е совршено за ручек или лесна вечера.
Состојки:
- 2 тиквички
- 1 главица црвен кромид
- 4 јајца
- 200 грама фета сирење или моцарела
- 20 мл масло
- 40 мл павлака за готвење
- сол
- бибер
- сув зачин по вкус
- рендан кашкавал/пармезан за одозгора (по желба)
- магдонос
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190°C. Садот за печење премачкајте го со малку масло. Тиквичките исечете ги на тенки кругови, а кромидот ситно исечкајте го. Во посебен сад изматете ги јајцата со павлаката за готвење. Додадете го издробеното сирење и зачинете со сол, бибер и сув зачин по вкус.
Во садот за печење наредете ред тиквички, па додадете малку кромид. Прелијте со дел од смесата со јајца и сирење. Повторувајте ја постапката додека не се потрошат сите состојки. Одозгора, по желба, посипете рендан пармезан/кашкавал. Печете во загреана рерна околу 25–30 минути, додека јадењето добие златно-кафеава боја и убаво се запече. Пред да се послужи наросете со сецкан магдонос.

Македонски


