Skip to main content
J8FCA1hi1r4

СДСМ и Република не можат еден без друг

Децата што мечтаат децата што сонуваат. Лидерот на СДСМ Венко Филипче и тие околу него дефинитивно живеат во светот на бајките. Како браќата Грим. Еве на пример Венко мечтае да биде премиер. Мечтата е убава работа, така се развива фантазијата, па Венко си замислува што ќе прави ако некогаш стане премиер. Во неговите бајки тој е веќе премиер и прво нешто што ќе прави се уставни измени, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

По се изгледа му се погодил сонот, па во неговата сказна веќе има 80 пратеници за да го смени уставот. Нема врска ,тоа се вика коленичење. Туку треба и да му се честита. Венко доби нов шеф, се вика Румен Радев. Веќе си праќаат ишарети, овој овде повеќе му е бизнис партнер отколку шеф. Но, како се вели мноту бабици, детето килаво.Како што е редот првата честитка до новиот бугарски премиер дојде од Филипче. Наместо да се грижи за интересите на Македонија тој  во честитката се нуди на Бугарија.Како познатите бугарски моми за две чрвени на времето Отворен е како пупка. Во честитката го кодоши премиерот Мицкоски дека ете не сакал да направи уставни измени а македонските граѓани тоа го очекувале.

СДСМ и Република не можат еден без друг.  А како викаат кој се кара тој се сака. Нема ден да не не спомнат. Ако досега за нашата љубов говореа Венко, Фрчко, Богданка, сега пуштија едно девојче. Нека ми прости не знам како се вика ама и нејзе и беше незгодно што и дале да прочита. Работава беше да прочитам и да си одам.

Девојчево вели дека сме работеле на смени. Да точно е дека работиме на смени. Ние сме малку вработени, немаме златни визи, Дубаи сме го виделе само телевизија, не одиме ни на журки со Харис Џиновиќ, не пловиме со јахти во Грција. Чесно си ја заработуваме платата. Има разлика нели.

Поврзани вести