Skip to main content

Гаши: Опозициските прашања во собранието ќе бидат повторени

Претседателот на Собранието Африм Гаши, соопшти дека координаторите на пратеничките групи се согласиле Собранието да ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница.

Гаши не прецизира кога ќе се одржи седницата. 

Собранието потоа се префрли на 129. пленара седница и со 63 гласа „за“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, чиј што указ не беше потпишан од претседателката на државата Сиљаноска-Давкова, со укажување. Владејачкото мнозинство поднесе амандман со којбеше избришан членот од укажувањето на Сиљаноска-Давкова. 

Поврзани вести