Skip to main content

За мај, откажани околу 13 илјади летови ширум светот

Aвиокомпаниите ширум светот откажуваат околу 13 илјади летови закажани за овој месец, а тоа значи дека два милиони седишта се отстранети од нивните распореди, пишува „Гардијан“. Порастот на цените на авионското гориво поради конфликтот на Блискиот Исток предизвика авиокомпаниите да  ги прилагодуваат своите операции на новите пазарни услови.

Аеродромите во Истанбул и Минхен имаат забележано најголем пад на летовите, а  „Туркиш ерлајнс“ и германскиот национален авиопревозник „Луфтханза“ направиле големи намалувања. „Луфтханза“ намалила 20 илјади летови на кратки релации.

Цената на горивото за авиони се зголеми повеќе од двојно по нападот на САД и Израел врз Иран и затворањето на Ормускиот Теснец.

Сепак авиокомпаниите „Изиџет“ и „Визер“ најавија дека ќе ги извршуваат своите летни распореди во целост, и покрај притисокот врз неосигурениот дел од нивната сметка за гориво.

Организацијата „АЦИ Европа минатиот месец предупреди дека европските аеродроми ќе се соочат со „системски“ недостиг на гориво за авиони доколку Ормускиот Теснец не биде целосно отворен во рок од три недели, оттаму велат дека  резервите на гориво за авиони се намалуваат, додека „влијанието на воената активност врз побарувачката“ дополнително ги оптоварува залихите.

Поврзани вести