
Ново поскапување на горивата од полноќ. Бензините поскапуваат за два денари, а дизелот за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од утре Еуросупер БС-95 ќе се продава по максимална цена од 93 денари, БС-98 по 95 денари, додека дизелот ќе чини 100 денари за литар.
Просечното поскапување на нафтените деривати изнесува 1,55 проценти, иако референтните цени на бензините на светските берзи се намалиле за 0,79 проценти, додека дизелот поскапел за 0,41 процент.
Дополнително влијание врз цените има и зајакнувањето на доларот, кој во однос на денарот пораснал за 0,44 проценти. Во новата пресметка остануваат во сила владините мерки за намалени акцизи на бензините и дизелот, како и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти за дизелот.
Цената на екстра лесното масло останува непроменета, 110 денари за литар, додека мазутот поскапува за 1,3 денари и ќе чини 55,573 денари за килограм. Новите максимални цени важат од 3 ноември во 00:01 часот.

Македонски




