Skip to main content

ФЗО ја анализира можноста породилното отсуство да се зголеми на 12 месеци

Фондот за здравствено осигурување ја разгледува можноста да се зголеми породилното отсуство на дванаесет месеци, информира директорот на ФЗО, Сашо Клековски кој воедно посочи дека се прават анализи низ кои треба да се утврдат и финансиските импликации од евентуално таквата мерка, но и нејзините потенцијални ефекти.

Се обидуваме низ анализата да видиме колку се тие боледувања пред и после породорилното поврзани со истиот процес на бременост. Во зависност од тоа може да видиме како може да го подобриме механизмот, бидејќи ако имаме чести пред и потоа боледувања според мене треба да мислиме на промени во системот на породилните отсуства – изјави Клековски.

По реакциите за доцнење на исплатата на парите за породилно отсуство пак, Клековски вели дека проблемот е што се обработуваат рачно и во тек е воспоставување на стандардизиран систем со кој нема да се повторува тоа во иднина.

Поврзани вести