Skip to main content

Денес почнува новото „Распеано рибарче“ 2026

Денес и утре Охрид е во знакот на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче“ 2026.

На 27. издание на фестивалот на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе бидат отпеани дури 43 песни, а ќе се појават над 70 изведувачи, танчари и танчарки.

Планирани се пет претстави а вечерната и завршна отворена за сите сограѓани е утре – четврток од 19 часот. Неа ќе ја прогласи за отворена претставник од Општина Охрид.

 Фестивалот одамна е охридски бренд и вистинско место на кое се појавуваат нови ѕвезди- изведувачи, автори на стихови, музика и аранжери. Детските песни од првите изданија и денес се актуелни, се пеат а хитовите со кои растеле и растат и новите генерации се доказ за квалитетот на оваа музичко – сценска манифестација која е респектирана не само во Охрид, туку и пошироко.

Несомнено дека и од оваа годинашна продукција ќе има

 низа нови песни кои ќе останат забележани во детската меморија. Ќе се пеат најмалку до новото издание а по некоја година можеби некој од децата – пејачи ќе застанат пак зад микрофоните и ќе живеат професионално за и од музиката.

„Распеано рибарче“ и годинава е под покровителство на Општина Охрид и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков а меѓу спонзорите се Жито леб и INTV Македонија на чиј You Tube канал како и последниве неколку години ќе бидат достапни сите изведени детски песни од ова издание.

Поврзани вести