Skip to main content

Mиовски ќе остане без титула во Шкотска

Фудбалерите на Хартс направија уште еден голем чекор кон освојување на титулата во шкотското првенство, прва од 1980 година, откако вечерва го совладаа Глазгов Ренџерс со 2-1 на домашен терен во рамки на 35. коло.

Гостите поведоа преку Стерлинг (23), но Кингсли (54) и Шенкланд (71) донесоа резултатски пресврт и победа со која Хартс ја задржа предноста од три бода во однос на второпласираниот Селтик.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ги одигра завршните седум минути од натпреварот.

Хартс е лидер со 76 бодови, второпласираниот Селтик има 73, додека третопласираниот Ренџерс остана на 69 бода и отпадна од трката за титулата со овој пораз.

Сега е сè поверојатно дека шампионатот ќе биде одлучен на дуелот меѓу Селтик и Хартс во последното коло во Глазгов.

Хартс четири пати досега беше шампион на Шкотска, но две од тие четири титули датираат од 19 век, додека последните две се во 1958 и 1960 година.

Доколку Хартс ја освои титулата, тоа ќе биде прв пат од 1985 година ниту Селтик ниту Ренџерс да бидат шампиони на Шкотска. Последен тим кој им ја „украде“ титулата на Селтик и Глазгов беше Абердин под водство на легендарниот Алекс Фергусон

Поврзани вести