
Францускиот институт во Скопје и Кинотека имаат чест да ве известат и поканат на следното издание на месечните „Кино средби” каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија.
Овие кино средби продолжуваат со проекцијата на „Марија” (2024), од Жесика Пали, со Анамарија Вартоломеj, Мет Дилон и Џузепе Маџо, во среда, 6 мај 2026, 20:00 часот, во Кинотека.
Синопсис: Марија е на границата помеѓу светот на децата и оној на возрасните, кога блеснува во контроверзниот филм „Последното танго во Париз”, кој подоцна станува култен. Таа станува светски позната, но не е подготвена ни за славата, ни за скандалот, ни за последиците.
Што напишаа медиумите:
Во „Марија”, Жесика Пали раскажува за трагичната судбина на Марија Шнајдер. Чувствителен омаж на актерката чијшто живот засекогаш се промени по снимањето на „Последното танго во Париз”. Анамарија Вартоломеј е инзвонредна од почеток до крај. – Телерама
„Анамарија Вартоломеj ѝ оддава почит на Марија со тоа што прецизно ја отелотворува во овој суров и потресен филм.” – Ле Паризијен
Филмот е со превод на македонски јазик.

Македонски



