Skip to main content

Села со јасен став: Бадентер во Уставниот суд услов за можен влез во Владата

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, реагираше на последните изјави од еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, поврзани со можноста за негово и учество на неговиот политички субјект во Владата.

Села порача дека секоја дискусија за евентуално вклучување во извршната власт мора да се заснова на јасни политички принципи и конкретни услови. Тој нагласи дека за неговата политичка група приоритет останува доследната примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд.

Според него, ова претставува клучен механизам за обезбедување еднаквост и правична застапеност на немнозинските заедници во државата. Села додаде дека без исполнување на овој услов, не може да се постигне никаков договор за влез во Владата, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик.

Од друга страна, Изет Меџити претходно изјави дека постојат комуникации и разговори околу можноста Села да се приклучи на владината коалиција, наведувајќи дека „се опипува пулсот“ за таков политички развој.

Тој посочи дека вратата за оваа опција е отворена и дека се водат разговори на повеќе нивоа, најавувајќи и можни промени во рамки на претстојната реконструкција на Владата, како и кадровски и ресорски ротации.

Поврзани вести