Skip to main content

Прекинат натпревар во Гостивар, навивач падна од трибината директно на терен

Триесетгодишен маж од Куманово бил повреден откако паднал од трибина за време на фудбалски натпревар во Гостивар, соопшти МВР. Инцидентот се случил на Градскиот стадион во Гостивар за време на натпреварот меѓу ФК Башкими од Куманово и ФК Вардар од Скопје.
Според информациите, Ф.Р. паднал од трибината, по што бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување медицинска помош.

Поврзани вести