Skip to main content

Лион прв финалист во Лигата на шампиони за фудбалерки

Freepik

Француски Лион е првиот финалист во женската Лига на шампиони, откако во полуфиналето го елиминираа бранителот на титулата Арсенал со вкупен резултат од 4-3. Лион во саботата вечер на домашен терен го совлада англискиот тим со 3-1 и со тоа ја надомести негативата од 1-2 од првиот натпревар во Лондон.

Ренар од пенал во 22 минута го навести триумфот на домашниот тим, а до полувремето Диани (36) го удвои водството.
Арсенал со голот на Русо во 76 минута се врати резултатски во игра и кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, Бранд во 86 минута беше прецизна и по 12 пат во клупската историја му донесе на Лион финале во Лигата на шампиони.

Противник на Лион во финалето ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Барселона и Баерн Минхен.
Првиот натпревар во Минхен заврши нерешено 1-1, а реваншот во Барселона е закажан за попладнево со почеток во 16:30 часот.
Ж
Финалето во Лигата на шампиони за фудбалерки ќе се игра на 23 мај во Осло.

Поврзани вести