Skip to main content

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ со гласањето на интерпелацијата јавно го искажа ставот за Даути

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ со гласањето на интерпелацијата во петокот јавно го искажале за својот став за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.

– Мислам дека ставот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се огледува во начинот на гласање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Јасно е изразен нашиот став со позитивното гласање за интерпелација – 61 глас со кој што се бара одговорност за работата е доволно јасно искажан став, рече Лефков.

Во Собранието во петокот беше поддржана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, поднесена од Левица, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден „воздржан“. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. На седницата не присуствуваа пратениците од СДСМ, а против гласаа од „Вреди“.

Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група од Левица поради тоа што Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава.

Поврзани вести