
Три млади лица загинаа во директен судар на автопатот Шабац – Рума во Србија. Во судирот настрадал и возачот на фордот кој ја предизвикал несреќата. Едно 22-годишно лице е тешко повредено и лекарите се борат за неговиот живот, пишуваат регионалните медиуми.
Несреќата се случила кога возач на „форд“ со белградски таблици се движел во спротивна насока и директно се судрил со „голф“ во коју се наоѓале четири млади лица.
Само неколку минути пред сударот, на социјалните мрежи се појавило предупредување за опасното возење.
„Автопат во близина на Шабац кон Рума, човек вози во спротивна насока со 130 на час, внимавајте! Темно сив Форд. Овој ќе убие некого“.
Набргу потоа, околу 13 часот, се случила трагедијата. Во „голфот“ се наоѓале четири млади лица. Патувале од Белград, кон Шабац, со возило кое едниот од нив, Дејан го купил со пари заработени во Словенија.
Четвртото лице, на возраст од 22 години, е во тешка состојба.

Македонски



