Skip to main content

Ивановски победи на полумаратонот во Дубровник

Фото: Freepik

Една недела по освоеното второто место на белградскиот маратон, Дарио Ивановски забележа нов голем успех триумфирајќи денеска на полумаратонската трка во Дубровник.

Македонскиот рекордер во маратон ја истрча патеката во должина од 21 километри во време од 1:06: 30 часа.

Ивановски беше убедливо најбрз, минувајќи низ целта со речиси осум минути побрзо време од второпласираниот Силвије Томас од Хрватска (1:14:05) и неговиот сонародник Жељко Цота (1:14:23).

Изминатиот викенд Ивановски настапи на 39 издание на престижниот маратон во Белград и го освои второто место, истрчувајќи ја патеката во време од 2:09:35 часа.

Поврзани вести