
Жена е тешко повредена по несреќа на нива.
Како што соопшти МВР, вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 15:10 часот во место викано „Рибник“ во атар на с.Сенокос, прилепско, Е.И.(46) од с.Сенокос се здобила со тешки телесни повреди додека вршела земјоделски работи во нива.
Според пријавеното, таа и нејзиниот сопруг С.И. ги собирале цревата од системот капка по капка со помош на самоизработен механизам приклучен на трактор, при што во еден момент била повлечена од механизмот и се здобила со повредите.
Таа била пренесена во болницата во Прилеп за укажаување помош, а увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.
Од МВР велар дека се работи на расчистување на случајот.

Македонски

