
Во делот на западната страна министерот за транспорт Николоски најави реконструкција на пругата од Скопје до Кичево.
-Работиме обиколница на Скопје со цел карго возовите да не влегуваат во Скопје за да не загадуваат. Паралелно го градиме и проектот Градски воз, а работиме и на железничката линија од Скопје, преку Јегуновце Тетово Гостивар до Кичево. Таму работиме со ЕУ на подготвителни работи и следните две години да објавиме тендер за изградба на железница од Скопје до Кичево, тоа би била првата фаза, а втотата фаза ќе зависи дали Албанија ќе се нафати дали на исти начин ќе инвестира како и ние, имајќи превид дека целата пруга би чинела две милијарди евра, споредено со целокупните инвестиции во државата на годинашно ниво кое се 750 милиони евра. Се работи за мега проект, заедно со брзата пруга на Коридор 10, се работи за потенцијална инвестиција од пет милијарди евра. Сега се работи на проект за околу две милијарди евра – истакна вицепремиерот.

Македонски



