Skip to main content

По Турција, и Норвешка планира да ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години

– Норвешката влада денеска соопшти дека ќе предложи забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години и дека технолошките компании ќе бидат одговорни за проверка на возраста на младите корисници.

– Го воведуваме овој закон затоа што сакаме детство во кое децата можат да бидат деца. Игрите, пријателствата и секојдневниот живот не смеат да бидат преземени од алгоритмите и екраните – изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во соопштението.

Според него, ова е важна мерка за заштита на дигиталниот живот на децата.

Како што најави владата, предлог-законот ќе биде доставен до парламентот до крајот на оваа година

Поврзани вести