
Грчкиот кошаркарски репрезентативец Јанис Адетокумбо го имаше своето деби во дресот на Мајами, својот нов клуб. Но, дуелот заврши неповолно односно со пораз 106:131 од Минесота. Голем проблем за Мајами беше моментот кога Ентони Едвардс и Ламело Бол почнаа да постигнуваат тројки, а Мајами не најде против игра.
– Мораме да си веруваме повеќе едни со други, особено кога работите не се како што сакаме, мора да се собереме и да се бориме посилно. Тоа вечерва не го направивме. Мора да вложиме многу труд, тоа почнува од мене. Јас морам да бидам подобар, изјави грчкиот кошаркар.
Адетокумбо во дебито во дресот на Мајами постигна 35 поени.
Самиот негов настап во Мајами привлече внимание, се следеше секој негов потег и навивачите постојано даваа поддршка за тимот. Следниот натпревар Мајами го игра на домашен терен против Детроит.

Македонски

