Skip to main content

Ова е најлошата ноќ што ја доживеавме: Нант се уште не му се верува што го снајде на мечот со Вардар

 Ракометарите на македонскиот шампион Вардар по четирите порази во групата од Лигата на шампионите синоќа ја постигнаа првата победа и тоа на гости кај француски Нант со 33:27. Македонскиот првак го одигра најдобриот натпревар во најквалитетното ракометно натпреварување, а по дуелот тренерот на Нант Грегори Кожан изјави:

–  Ова е најлошата ноќ што ја доживеав во последните пет години, ако не и подолго. Веќе неколку натпревари се мачиме во ситуациите еден на еден против голманот. Создаваме шанси, но не успеваме да постигнеме гол. Бевме казнети за тоа, ја изгубивме самодовербата и беше навистина тешко вечерва. Дефанзивно, работите не беа многу подобри. Премногу сме неконзистентни.

Вечерва се игра вториот дуел од групата меѓу Мелсунген и Висла, додека во последното коло Вардар е домаќин на Мелсунген, а Нант гостува кај Висла.

Поврзани вести