Skip to main content

Норвешка се подготвува за нова победа против фаворит

Англија против Норвешка во Мајами во дуел за полуфиналето на Светското првенство.

Тие се фаворити, но не се големи. Сметам дека Англија е под поголем притисок од нас, но кога ќе почне натпреварот играчите не мислат на притисок. Бразил и Англија се може двете најголеми фудбалски нации со кои можеме да играме. Не е никаква тајна дека Кејн е нивниот најдобар играч, а Ерлинг (Халанд) кај нас, кој ни носи победи, но не ги потценувајте и другите наши фудбалери“, изјави селекторот на Норвешка Стале Солбакен.

На досегашните пет натпревари Норвешка на сите и постигнуваше и примаше гол. Во групата ги совладаа Ирак (4:1) и Сенегал (3:2), загубија од Франција (1:4), а во нокаут фазата ги елиминираа Брегот на Слоновата Коска (2:1) и Бразил (2:1).

Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Аргентина – Швајцарија што се игра ноќеска во 3 часот.

Поврзани вести