Skip to main content

Филипче се радува што кадар на Орбан ќе ја води Унгарија

Се јави и Филипче и оној експертот за НАТО Жерновски да кажат дека поразот  на Орбан во скоро време ќе значел и пораз на Вучиќ и на Мицкоски. Брее геополитичари. Џабе Венко се радува на победата на Тиса кога нејзинот лидер Петер Маџар е кадар на досегашната владејачка партија Фидес на Виктор Орбан.

Преведено на локален терен, тоа е како некој од најблиските соработници на Мицкоски да излезе од ВМРО и да формира партија и таа партија да победи на избори. Така да, ако некогаш ЕУ реши да пронајде некој македонски Маѓар и да го направи премиер тоа сигурно да биде некој од СДСМ која е четврта-петта партија во Македонија туку пак ќе биде некој од ВМРО-ДПМНЕ. Разочарувањето на СДСМ од идниот премиер на Унгарија дојде уште прввиот ден кога тој изјави дека планира да има добри односи со Македонија и со другите земји со кои Унгарија има стратешко партнерство, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ која ќе биде објавена утре.

Поврзани вести