Skip to main content

Вечерва промоција на вториот том „Македонци“ од Бранислав Светозаревиќ во Музејот на македонската борба

Вечерва со почеток од 19 часот во Музејот на македонската борба во Скопје ќе биде промовиран вториот том „Македонци“ од проф. д-р Бранислав Светозаревиќ.

Во книгата се откриваат ексклузивни факти за постоењето на Македонците, Македонија и македонскиот јазик низ вековите, за непроценливите историски вистини за писмата и укази на Цар Леополд за привилегирана заштита на МАКЕДОНЦИТЕ од 1690-та година, за неостварената идеја за создавање МАКЕДОНСКО КНЕЖЕВСТВО во 1878-та година, факти соддржани во новиот, втор том на „МАКЕДОНЦИ, сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944г.)“ и за неговата јасна демистификација на бугарските лаги и мистификацијата во антимакедонските авантури на Милетич и Селишчев кои Бугарите со децении ги користат како „оче наш“ во ударот врз македонската вистина во „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“.

Поврзани вести