Skip to main content

Колку долго можат да стојат јајцата по Велигден?

Неправилното складирање може да доведе до потенцијални проблеми.

Варените велигденски јајца, иако често се оставаат како декорации на масата, не треба да се оставаат долго на собна температура бидејќи лесно се расипуваат.

Експертите предупредуваат дека варените јајца се многу понежни од свежите, бидејќи готвењето го отстранува природниот заштитен слој од лушпата, што ги прави поподложни на бактерии и надворешни влијанија. Ако се остават надвор од фрижидер повеќе од два часа, тие веќе можат да станат ризични за консумирање.

Затоа, практиката да се оставаат јајца во корпа на масата со денови по Велигден не се препорачува.

Ако се чуваат на собна температура, најдобро е да се јадат што е можно поскоро, додека се во фрижидер можат да бидат безбедни за јадење до неколку дена, приближно шест.

Несоодветното складирање може да доведе до труење со храна и проблеми со желудникот како што се гадење, повраќање и дијареја, па затоа се препорачува претпазливост за да се избегнат здравствени проблеми по празникот.

Поврзани вести