
Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 60 километри на час.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност, проследено со умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 20 степени.

Македонски


