Skip to main content

Јувентус со важна победа за пласман во ЛШ

Екипата на Јувентус синоќа ја постигна 17.победа во Серија А откако на гостувањето во Бергамо кај Аталанта славеше со 1:0. Ова е важен триумф во борба за место во Лигата на шампионите бидејќи „старата дама“ се проби на четвртото место на табелата. Јувентус има 60 бодови, три помалку од третиот Милан и два повеќе од Комо. Аталанта е на седмото место и се подалеку од пласман во Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот гол беше Жереми Бога во 48.минута, кој ја искористи лошата реакција на домашната одбрана.

Инаку денеска се играат четири натпревари од 32.коло, а двојките се: Џенова – Сасуоло, Парма – Наполи, Болоња – Лече и Комо – Интер. Утре (понеделник) се игра последниот натпревар од оваа рунда меѓу Фиорентина и Лацио.

Поврзани вести