
Натпреварите на претпоследниот ден во НБА лигата донесоа очекувани резултати, но и неколку неверојатни работи. Така до последниот натпревар не се знае освојувачот на МВП наградата, каде предност има играчот на Сан Антонио Виктор Вембањама.
Но, вкупно 168 играчи не беа актери на синоќешните дуели, а дури 14 од екипата на Мемфис пријавиле болест или повреда. Меѓу оние кои не играа се: Никола Јокиќ, Шеј Гилџус-Александер, Лука Дончиќ, …
Интересно беше дека Вембањама откако одигра 26 минути и постигна 40 поени изјави:
– Да има претходно одиграно 65 натпревари, сигурно немаше да настапан на овој дуел.
Интересна беше изјавата и на тренерот на Оклахома Сити, Марк Дегнолт:
– Да ја немавме обезбедено првата позиција, вечерва сите ќе играа. Едноставно заслужија одмор по 80 одиграни натпревари.
Во пресрет на последното коло српскиот кошаркар во дресот на Денвер Јокиќ, мора да биде на теренот и да ги одигра потребните минути за да биде во конкуренција за МВП наградата.
– Ќе разговараме и мора да ја донесеме вистинксата одлука, дали ќе игра или едноставно ќе го пропушти дуелот, изјави тренерот на Денвер, Дејвид Аделман.
Во последниот натпревар играат Сан Антонио – Денвер, натпревар кој решава за позицијата на Денвер во плеј офот.

Македонски


