
Наполи го победи Милан синоќа со 1:0 во домашен натпревар од 31. коло од италијанското првенство.
Дербито на колото во Серија го реши Матео Политано со голот постигнат во 79. минута.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 85.минута на местото на Кевин де Брујне.
Наполи ја освои својата петта последователна победа во Серија А. Тимот предводен од тренерот Антонио Конте сега има 65 бода и се искачи на второто место на табелата. Милан падна на третото место со 63 бода.
Тимот на Масимилијано Алегри победи на три од последните шест натпревари во Серија А и загуби исто толку натпревари. Лидер на табелата е Интер со 72 бода

Македонски


