Skip to main content

За Елмас гол и црвен картон

 Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас беше стартер за Аталанта вечерва во победата на домашен терен над Венеција со 3:1.

Ова беше натпревар од шестото коло на Серија А.

Елмас во шестата минута му асистираше на Крстовиќ за во тој момент водство од 2:0.

Сепак, Македонецот во финишот при еден старт врз противнички фудбалер од зад грб, најпрво доби жолт картон, но по интервенција на ВАР, Елмас доби црвен картон и беше исклучен.

Ова значи суспензија за Елмас од најмалку два натпревара

Поврзани вести