
Eдна реплика од серијата „Жигосани во рекетот“ најдобро ја опишува состојбата во која се наоѓа Босна и Херцеговина“. „Можеби државата и не ни е нешто посебно, ама репрезентацијата ни е како бомбона“, говореа во серијата.
Токму таква навистина е Босна и Херцеговина. Држава која е полудржава – полу протекторат, во која не се знае кој пие, а кој плаќа, а ниту се знае кој ja има власта, го постигна најголемиот спортски успех – пласман на Светското првенство во фудбал, втор пат во својата историја.

Toa e dржава за чија репрезентација не навиваат половина од жителите, ниту пак ја сметаат за своја. Се славеше во Сараево и во Зеница, но не и во Мостар и Бања Лука. Таму се навива за хрватската и српската репрезентација.
Стадионот на кој играа наликува на оној во Ѓорче Петров, но носи голема енергија и ги води играчите. Ако некој заслужи да се прости од репрезентацијата на ваков начин, тоа сигурно е Един Џеко, кој на 40 години ќе игра на СП.
Од Босна, не како држава, туку како репрезентација треба да учи и нашата селекција. Како се бори за државниот грб и дека личните суети треба да се остават на страна кога се работи за државниот грб.

Македонски



