
Изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова, свечено ќе биде отворена на 31 март (вторник) во 17:00 часот во Македонски културно-информативен центар во Белград. Свеченото отворање ќе го збогатат пригодни обраќања на директорите на КИЦ Белград Васко Шутаров, директорот на турскиот институт во Белград г-н Јунуз Емре, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и на авторката на изложбата Даниела Николова.

Изложбата ги претставува економските, политичките и општествените текови на Балканот во периодот од 14 до 17 век. Преку монети ковани во скопската и кратовската монетарница, посетителите добиваат можност да се запознаат со богатото културно наследство од отоманскиот период.
Поставката е дел од поширок проект кој вклучува и промоција на двојазичната монографија „Патувањето на парите“, која нуди научен и визуелен осврт на колекцијата.

Настанот се реализира во соработка на КИЦ Белград со Yunus Emre Institute во Белград и Скопје, со поддршка од Halkbank, и претставува значаен придонес во унапредувањето на регионалната културна соработка и зајакнувањето на меѓукултурниот дијалог.
Изложбата претходно беше реализирана во Скопје, каде предизвика голем интерес кај јавноста и стручната публика.
Изложбата ќе биде отворена за посетители во периодот од 31 март до 8 април 2026 година.

Македонски



