Skip to main content

14-годишно девојче во поодмината бременост, мајката пријавила во полиција

Мајка од Скопје во полицијата пријавила дека нејзината малолетна ќерка е бремена, а подоцна и самото девојче признало дека имала доброволни полови односи со својот дечко кој исто така бил малолетен.

– На 28.03.2026 00:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека, откако се посомневала, ја однела нејзината 14-годишна ќерка на преглед на ГАК при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што ѝ било потврдено дека малолетничката била во поодмината бременост, информираа од МВР.

По ова, нејзината ќерка ѝ признала дека во текот на летото во 2025 година доброволно имала полови односи со малолетник со кој била во врска.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести