Вистинска драма се одвивала на реката Сава кај Обреновац, од правец на Забрежје, Белград, откако сплав се откачил и со себе почнал да собира и други помали сплавови и објекти, пренесува српски „Блиц“.
Инцидентот се случил околу 07:40 часот, кога било пријавено дека сплав во кој имало едно лице се откачил и неконтролирано почнал да се движи.
Околу 8:30 часот струјата го довела сплавот поблиску до брегот, лицето било евакуирано, но сплавот продолжил да се движи.
По еден час припадниците на Жандармеријата и сопственикот на сплавот го ставиле сплавот под контрола.
При неговото неконтролирано движење оштетени се неколку сплавови.