Skip to main content

Уапсен е бездомник кој подметнал еден од пожарите во Лос Анџелес

Маж во Кенет во Лос Анџелес беше уапсен под сомнение дека подметнал нов шумски пожар што избувна во четвртокот попладне. Жителите во регионот го пријавиле лицето кое според „Фокс њуз“ е бездомник на околу 30 години.

Причините за пожарот остануваат нејасни, но официјалните лица рекоа дека пожарот на Кенет „се истражува како кривично дело“.

Детективите исто така истражуваат дали осомничениот има некаква поврзаност со други пожари во областа.

Разорните шумски пожари уште беснеат во Лос Анџелес и опустошија стотици домови во Холивуд и околината. Најмалку 20 лица досега се уапсени за кражби за време на пожарите, изјави членката на надзорниот одбор на округот Лос Анџелес, Кетрин Бергер.

Во меѓувреме, американските власти соопштија дека најмалку 10 луѓе загинале во пожарите. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем.

Поврзани вести